Руската инвазија на Украина ќе предизвика глад за 40 милиони луѓе
Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, денеска изјави дека руската инвазија на Украина ќе предизвика недостиг на храна за 40 милиони луѓе и дека најтешко ќе биде погодена субсахарска Африка.
САД обезбедија 4,5 милијарди долари за прехранбена безбедност на Самитот на Г7, од кои веќе придонесоа со 2,76 милијарди долари.
– Исто така, има планови САД да придонесат со 150 милиони долари во нов пакет помош за хуманитарен развој во Африка, но сè уште е потребно одобрување од Конгресот, додаде таа.
Африканците „не треба да бидат принудени да избираат страна” во повторувањето на Студената војна, но тие мора да ги знаат фактите, посочи амбасадорката.
Посочувајќи дека енергијата, климатските промени, пандемијата и конфликтот се клучни причини за глобалниот проблем за снабдување со храна, Томас-Гринфилд рече дека „најподмолната причина за глад” е „кога се користи како оружје при војна”.
– Не видовме индикации дека Русија ќе прифати дипломатско решение за војната во Украина, рече таа.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност