Свет
28. August 2015 - 13:46

САД: Четири милијарди долари се потрошени за борба против ИД

Пентагон потрошил речиси четири милијарди долари за борба против Исламската држава (ИД) во Сирија и Ирак од почетокот на операцијата пред една година.

Тоа значи дека за оваа кампања дневно се трошат 9,9 милиони долари, односно 6.785 долари секоја минута.

Од почетокот на операцијата на 8 август 2014 година, до 15 август оваа година, потрошени се 3,7 милијарди долари, покажуваат неодамна објавените статистички податоци на Пентагон.

Во овој период, САД и сојузничките сили извршиле повеќе од 6.000 воздушни напади врз позиции на ИД, од кои 4.000 во Ирак и околу 2.000 во Сирија.