Македонија
22. јуни 2016 - 16:15

САД ги продолжи санкциите за екстремистите од Македонија и Западен Балкан

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, пратеникот Џевад Адеми и лидерот на Обединети за Мaкеоднија Љубе Бошковски и натаму остануваат на црната листа на САД. Тие се меѓу четиринаесетте лица од Македонија кои и годинава се на списокот за санкции потпишан од претседателот Барак Обама.

Белата куќа оценува дека со нивното делување се загрозува стабилноста на Западен Балкан. Нови имиња годнава нема.

На списокот се наоѓаат и Гафур Адили алиас командант Вардари кој беше самопрогласен лидер на таканаречената АНА, тетовецот Нури Беџети, екс пратеникот Кастриот Хaџиреџа , Невзат Халили, самопрогласен претседател на Илирида, Џавид Хасани, Авдул Јaкупи Чакала, како и поранешните команданти Даур Реџепи-Лека и Џезаир Шаќири-Хоџа. На црната листа е и организацијата Армија на Република Илирида.

Белата куќа соопшти дека одлуката се однесува на лица кои учествуваат или финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово и создаваат пречки за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина и на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово. 

Во соопштението, потпишано од Обама, се вели, дека овие луѓе со своите активности го нарушуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на состојбата на Западен Балкан и продолжуваат да претставуваат многу голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД. 

Американскит санкции против физички лица вклучени во екстремистички активности во земјите од Западен Балкан беа воведени со претседателски декрет во 2001 година и дополнети во 2003 година.

Со нив им се забранува на американските граѓани да склучуваат бизнис зделки со тие лица или да им префрлаат пари. 

На листата Косовски државјани останува Сами Ушкини познат како Командант Соколи кој беше уапсен во Куманово за време на акцијата во Диво насеље, Мaлич Ндрецај поранешен командант на ОВК за липовскиот регион, поранешниот командант на ОВК  Фатмир Лимај кој неодамна доби ослободителна пресуд аод судот во приштина  како и Даут Харадинај брат на Рамуш Харадинај...