Loading Video...
Кошарка
30. September 2022 - 19:04

САД и Кина во финалето на СП за кошаркарки

Селекциите на САД и Кина ќе играат во финалето на Светското првенство за кошаркарски што се одржува во Австралија.
 
Во првиот полуфинален меч, актуелните шампионки и први фаворитки за златото, Американките ја „демолираа“  Канада со 40 разлика 83-43. 
 
Противнички на Американките на патот до 12-от шампионски трофеј, четврти последователен, ќе бидат кошаркарките на Кина.
 
Во вториот полуфинален меч Кина во драматична завршница ја совлада домашната селекција на Австралијаминимално со 61-59. 
 
Така Кина по пауза од 28 години, повторно ќе игра во финалето, и повторно на австралиско тло, откако во 1994 година во дуелот за шампионскиот медал загуби  од Бразил.
 
Финалниот меч меѓу САД и Кина ќе се игра утре во 8 часот.