Свет
30. January 2016 - 12:13

САД ја поздравуваат одлуката на сириската опозиција

Американскиот државен секретар Џон Кери ја поздрави одлуката на водечката сириска опозициска група да учествува во мировните преговори во Женева, со кои посредуваат ОН.

- САД ја поздравуваат значајната одлука сирискиот Висок комитет за преговори (ХНЦ) да присуствува на преговорите во Женева, се наведува во соопштението на Кери.

Кери додаде дека САД очекуваат двете страни во преговорите да покажат добра волја и да постигнат што побрзо напредок во наредните денови.