Свет
8. July 2016 - 8:41

САД ќе распоредат антиракетен штит во Јужна Кореја

Вашингтон и Сеул објавија дека се договориле за распоредување на американски противракетен штит во Јужна Кореја поради растечките закани од Северна Кореја, јави Јонхап.

Вашингтон и Сеул почнаа разговори за антиракетниот штит во февруари, еден месец по четвртата нуклеарна проба на Северна Кореја.

- Врз основа на тие консултации Јужна Кореја и САД одлучија сојузниците да распоредат противракетен штит како одбранбена мерка за безбедноста на Јужна Кореја, се посочува во заедничката изјава на министерствата за одбрана на двете земји.

Системот за противракетна одбраната треба да биде опоеративен најдоцна до крајот на 2017 година. 

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека категорично е против распоредување на американски противракетен штиот во Северна Корека и апелираше до Сеул и Вашингтон да ги откажат плановите.

- Распоредување на противракетен систем не е во корист на поддршката на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров и сериозно ќе наштети на стратешките интереси на безбедноста на земјите во регионот, вклучително и Кина, се истакнува во соопштението на кинеското МНР.

Пртоив американскиот антиракетен штит се и Русија и Северна Кореја.