Технологија
7. August 2019 - 12:57

САД: Нов моќен разглас со ласер за неутрализирање насилни демонстранти

Воените власти во САД работат на несмртоносни ласери, способни да пренесуваат и гласовни пораки, со цел, на пример, да го дезориентираат непријателот или пак, толпата демонстранти.

Првичната намена е неутрализирање на насилните демонстранти. Концептот се состои во тоа што ласерот едноставно ја гори кожата на човекот-мета. Звукот пак, кој ќе се емитува од истата мрежа уреди, ќе биде висок 155 децибели. Според стручните лица, оваа технологија ќе биде поефективна од обичниот разглас.

Во овој миг системот е прилагоден за заштита на недвижни објекти, но се работи и на мобилна верзија. Минатиот месец се спроведени некои експерименти, но до полна готовност на системот, како што велат научниците, ќе бидат потребни уште пет години.

Се работи и на зголемување на досегот на ласерот на 100 метри, а доколку е изводливо и на неколку километри.