САД: Рекордно цензурирање на документи
Американската сојузна Влада минатата година во многу поголема мерка отколку во изминатата деценија цензурирала, задржала или навела дека не може да најде документи кои граѓаните, новинари или некои други ги барале.
Истражувањата покажуваат дека осум месеци откога е Доналд Трамп претседател на државата неговата администрација малку се придржува до Законот за слободен пристап до информации.
Многумина барале документи, но не ги добиле бидејќи претставниците на власта им рекле дека не можат да го најдат документот или, во некои случаи, се повикала на законот според кој не можат да оддаваат информации.
Луѓето кои побарале документи врз основа на Законот за слободни информации, добиле цензурирани датотеки или ништо во 78 отсто од случаите од вкупно 823.222 барања, што е рекорд во последните 10 години.
Сојузната Влада потрошила 40,6 милиони долари во 2017 година за судски трошоци за да ги одбрани таквите одлуки, што исто така, претставува рекорд.
Врз основа на владиното книговодство невозможно било да се утврди дали барателите на документи барале нешто што не постои или владините службеници недоволно ги барале пред да се откажат од потрагата.
Владата не пронашла документ 180.924 пати или 18 отсто повеќе отколку во 2016 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација