Сакале да убијат што повеќе луѓе, Беран А. по потекло од Македонија е првоосомничен за планираните напади во Виена
19-годишниот Беран А., по потекло од Македонија, е еден од терористите кој планирал напад за време на еден од концертите на мегаѕвездата Тејлор Свифт во Виена. Тој на 25 јули, пред да почне со плановите за овој напад, дал отказ од работа и изјавил: „Имам големи планови за иднината“.
Австриската полиција соопшти дека за време на сослушувањето тој не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“. Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или денеска или утре.
Во куќата на Беран А. биле најдени мачети, ножеви, детонатори, кабли за палање, 21 илјада фалсификувани евра…
„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и со автомобил на крајот да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот“, се вели во соопштението на австриската полиција.
„Кукавичкиот план на терористите бил да убијат што повеќе луѓе надвор од стадионот, кои сакале да го слушаат концертот“, велат од австриската полиција и додаваат дека еден од тројцата приведени имал хрватски корени, но е роден во Австрија. Меѓу нив е и 15-годишен Австриец со турско потекло.
Три концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена се откажани поради планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел во Виена. Истрагата за планираните напади е во тек.
Австриската полиција од македонското МВР побарала дополнителни информации за Беран А. и неговото семејство.
Ново на Сител
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки
-
30 ромски семејства кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови