Живот
30. May 2017 - 9:48

Сама го изработила фустанот за матура и никој не можел да тргне поглед од неа - само погледнете

Во последниве неколку месеци и години, сѐ повеќе млади девојки активно работат на креирање на своите матурски тоалети. Тие навистина сакаат да се разликуаат од останатите во тој момент и да го направат единствен и незаборавен.

Оваа девојка уште како мала започнала да собира отворачи од лименки. Еве зошто.

Најпрво со нив правела накит, но кога доволно се извежбала почнала да ги ниже и да создава прекрасна тоалета.

За ова било потребно, не само доволно трпеливост, туку и многу љубов.

6300 метални отворачи биле потребни да се изработи оваа уникатна тоалета.

Тоалетата тежела околу 2 килограми. Движењата со неа не се ни малку лесни, па девојката морала да се движи навистина внимателно, а седењето е невозможно. Сепак, тоа не ја спречило и цела вечер танцувала во својата тоалета.

Службениот фотограф бил толку фасциниран од оваа ученичка, па се понудил да ѝ направи бесплатна фотосесија за со години да има спомен од својата тоалета.