Живот
5. November 2015 - 20:47

Само 30 минути го делеа од смртта: Лекарите му најдоа тении во мозокот

Луис Ортиз (26) од Напа едвај останал жив од нападот на тении и тоа само благодарение на брзата реакција на лекарите. Имено, на ова момче опасните паразити му се пронајдени во мозокот откако наеднаш добил силна главоболка.

Неговата мајка ја повикала итната помош, а лекарот им рекол дека успеале да го спасат во последен момент.

-Ми рекоа дека сум имал најмалку 30 минути живот, вели младиот Ортиз која на пат кон болница се онесвестил од болки.

На операција лекарите му рекле дека му нашле повеќе тении кои формирале циста и ја блокирале циркуалцијата во мозокот.

-Кои се шансите тении да дојдат до мозокот, се запрашал Ортиз. Според зборовите на лекарите, посотојат неколку начини тениите да дојдат до мозокот.

-Ме прашаа дали сум се бањал во некоја река, дали сум бил во африканска земја. Никаде не сум бил, не можев да поверувам дека тоа ми се случи, вели Ортиз и додава дека благодарение на лекарите останал живот.

-Да почеква некоја минута повеќе, денеска немаше да разговарам со вас, им рече тој на новинарите на CBS.