Македонија
5. May 2020 - 16:45

Само 8 нови случаи денеска - пациент извлечен од респиратор

36-годишен маж е првиот пациент во Македонија кој е исклучен од респиратор, потврдуваат од Градската општа болница „8 Септември“ за Сител.

Сепак, извори од болницата велат дека иако почнал самостојно да дише тој се уште не е во стабилна состојба и ќе почекаат да видат како ќе ја помине ноќта.

Пациентот 12 дена поминал вклучен на машина.

Во последните 24 часа регистриран е еден смртен случај како последица на коронавирусот. Во „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на апарати за дишење. Досега од комоликации од Ковид-19 починаа 86 лица.

Статистиката на здравство покажува 8 нови позитивни случаи со што вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија изнесува 1.526 луѓе. Во изминатото деноноќие направени се 185 тестирања, а регистрирани се 21 оздравен пациент.

Во моментот на болничко лекување на Инфективна и во ГОБ „8 Септември“ има 55 пациенти, 4-ца од нив се во критична состојба.