Loading Video...
Свет
18. August 2019 - 17:33

Самоубиствен бомбашки напад на свадба во Кабул

Најмалку 63 луѓе се убиени, а над 180 се ранети во самоубиствен бомбашки напад на свадба во авганистанската престолнина Кабул. Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од градот во шиитски кварт.

На свадбената свеченост имало околу илјада и 200 гости, претежно припадници на малцинската шиитска заедница во Авганистан.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска Држава. Претходно авганистанскиот претседател Ашраф Гани обвини дека Талибанците стојат позади нападот, но тие негираа дека се вмешани и го осудија крвавиот чин.

Нападот се случува во момент кога Талибанците и САД преговараат за договор кој предвидува повлекување на американските сили од Авганситан, во замена за тоа Талибанците да се обврзат на мировни преговори со владата во Кабул.