Македонија
22. February 2021 - 21:18

Сашо Мијалков официјално со статус на бегалец - се бара и со меѓународна потерница

Од која институција која била инволвирана во притворот на Мијалков протекла информацијата што предизвикала негово бегство. Од обвинителството за гонење организирал криминал и корупција ја отфрлаат таквата можност.

Во разговор за Сител, претседателот на Кривичен, Џолев, вели дека минималана е веројатноста ама не ја отфрла можноста дека можеби од судот Мијалков дознал дека за него се бара притвор.

Полицијата најавува внатрешна истрага – ќе проверува дали некој од нивните редови алармирал дека Мијалков треба да оди во притвор. Во меѓувреме велат дека интензивно се трага по екс директорот на УБК.

Сашо Мијалков доби статус на бегалец откако синоќа полицијата не успеа да го пронајде на адресите каде престојува. По него е распишана меѓународна потерница.

Во петок Мијалков требаше да ја слушне пресудата за слуаќјот Таргет Тврдина во кој е обвинет за нелегалното прислушување.