Свет
13. November 2017 - 13:23

Саудиска Арабија ги деблокира јеменските пристаништа и аеродроми

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ќе почне да ги отвора аеродромите и пристаништата во Јемен за хуманитарни пратки и трговски стоки, соопшти саудиската мисија во ОН.

– Првиот чекор ќе биде преземен во следните 24 часа и предвидува да бидат отворени сите пристаништа во реоните под контрола на јеменската влада, соопшти мисијата.

Станува збор за пристаништата Аден, Моча и Мукала.

Минатата недела арапската коалиција ги затвори сите големи јеменски пристаништа и аеродроми. Целта беше да се спречи протокот на оружје за Хутите, бунтовници поддржани од Иран. Блокадата беше одговор и на испукана балистичка ракета врз Ријад за што Саудиска Арабија ги обвини Хутите.