Свет
6. December 2016 - 11:34

Саудиска Арабија: Смртна казна за 15 лица поради шпионажа за Иран

Судот во Саудиска Арабија осуди денеска 15 лица со смртна казна поради шпионажа за Иран, јави телевизијата „Ал-Арабија“.

Тие се дел од групата од 32 лица кои се упасени во 2013 година поради обвинение за шпионирање за Иран.

Судењето на групата, која е составена од 30 шиитски муслимани и по еден Иранец и Авганистанец, започна во февруари. 

Се уште не се знае исходот од судењето на останатите 17 осомничени.