Македонија
27. September 2022 - 22:17

СДСМ Арачиново: Сите пријавени на конкурсот за професионални војници во АРМ да се јават кај раководството

СДСМ Арачиново ги повикува сите кои се пријавиле на огласот на МО за прием на војници во Армиајта да отидат во партиското седиште на СДСМ Арачиново.

„Почитувани сонародници, ги повикуваме сите кои се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидати да се јават кај Раководителот на огранокот Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот на СДСМ Арачиново“, стои во соопштението.