СДСМ: Арсовска бега од одговори во јавноста, но не може да побегне од поразот
Арсовска бега од одговори во јавноста, но не може да побегне од поразот што ќе и го испорачаат Скопјани во недела на 17 октомври
„Независната“ кандидатка Данела Арсовска на ВМРО-ДПМНЕ два дена бега од одговори во јавноста откако беше фатена жива во голем скандал каде како управител на нејзините фирми направила долг од 54.000 евра за неплатена струја и салата Расадник ја оставила во руинирана состојба.
Толку од чесноста,толку од искреноста, толку од лажното тврдење на кандидатката на Груевски.
Ако може без око да и трепне да прави милионски долгови, јасно е како ден дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со буџетот на Град Скопје.
Тоа е препознатливиот печат на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, нечесно однесување и бегање од одговорност. Тоа е препознатливиот печат на деструктивното ВМРО-ДПМНЕ кое 27 години го опустошуваше Скопје.
Колку и да бега од одговори Арсовска не може да избегне од казната што ќе и ја испорачаат скопјани на 17 октомври, бидејќи упорно и безобразно и потценува и се обидува да ги излаже со стари веќе видени трикови.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто