СДСМ: Автокефалноста на МПЦ-ОА е важен историски настан, резултат на сите досегашни напори и процеси спроведени во државата
СДСМ на сите православни верници и на сите граѓани им го честита прифаќањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија со уверување дека со заеднички напори на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, Синодот и државниот врв наскоро ќе дојде до потпишување на Томосот за целосно признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј.
Ова е радосен момент за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани како резултат на сите досегашни напори и процеси кои беа спроведени во државата.
Со прифаќањето на МПЦ – ОА во канонско единство со останатите православни цркви полека се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност на што траен белег е МПЦ ОА.
Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од Српската православна црква се прекина повеќедецениската сестрана изолација и стаблирањето на МПЦ-ОА како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.
Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци два и пол века сонуваа за она што денес го доживеа МПЦ ОА и ние како народ, граѓани и држава.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата