Македонија
22. September 2019 - 16:46

СДСМ: Дали Камчев ја финансирал кампањата на опозицијата или кријат вмешаност во ,,Рекет‘‘

Христијан Мицкоски со денови молчи и не одговора на јавно поставеното прашање:

Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Со денови молк во белиот дворец зад мене. Не одговара ниту генералниот секретар Игор Јанушев, кој беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Што кријат Мицкоски, Јанушев и ВМРО ДПМНЕ?

Дали нивната поврзаност со Орце Камчев или нивната улога во слулајот познат во јавноста како Рекет

Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?

Јавноста очекува одговори.