Македонија
30. March 2021 - 9:01

СДСМ: Економијата е стабилна, расте просечната плата, поддршката за компаниите и работниците продолжува

Економските мерки што Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги презеде навремено и спроведе ефикасно, даваат реални, видливи резултати.

И во време на пандемија, на сериозна светска здравствена и економска криза просечната плата продолжува да расте.

Според официјалните податоци, просечната плата за месец јануари 2021 година изнесува 28.272 денари, што е за 2,7 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2020 година.

Тоа е доказ дека навремените економски мерки на Владата предводена од СДСМ се успешни и даваат конкретни резултати во справувањето со последиците од коронакризата.

Истовремено, продолжува и поддршката кон домашната економија преку мерки што обезбедуваат навремена и неселективна помошза компаниите и работниците.

Од третата кредитна линија за бескаматни кредити преку Развојната банка, за која се предвидени средства од 31 милион евра, одобрени се 2.583 кредитни барања во вкупен износ од 29,3 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7-ми декември 2020 год.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 барања се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 кредитни барања се од занаетчии.

СДСМ како партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството, продолжува да реализира мерки и политики што ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.

Остануваме посветени на градење, силна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ