Македонија
20. February 2021 - 12:14

СДСМ: Иницијативата за собирање потписи од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи одржувањето на пописот, тој ќе се спроведе оваа пролет

По цели 19 години, државата, конечно, оваа пролет ќе спроведе попис на населението и домаќинствата, согласно сите стандарди и пракси на Евростат

Конечно, како држава да имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој.

Добиените податоци ќе послужат како одлична база за градење на политики и мерки во образованието, здравството, социјалната и детска заштита, но и во земјоделството, културата и развојот на регионите и општините.

Државата, инситуциите, пред се Државниот завод за статистика се подготвени да реализираат успешен попис.

Поддршка за потписот доаѓа од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД.

Само ВМРО-ДПМНЕ е против, се нешто бојкотира, попречува, саботира.

Несериозно и крајно неодговорно.

Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис, само го зајакнува она што граѓаните веќе добро го знаат.

ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава.

Секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон.

Отука, јасно е дека овој потег Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови.

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, нема да успеат.

Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации. По цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата.