Македонија
13. April 2021 - 9:17

СДСМ: Институциите водат неселективна и бескомпромисна борба против корупција

Неоспорлив доказ за силна, неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција се последните полициски акции за разбивање на организираната група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи.

Овие две сложени акции каде се уапсени и вработени од МВР се силна потврда за професионалноста и ефикасноста на полицијата во спречување незаконско дејствување.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури.

За времетраење на сложената полициска акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во тек на активна истрага.

По неуспешниот обид за саботажа, од белиот дворец продолжија со нови лаги и манипулативни конструкции за акцијата со што свесно го загрозуваат натамошниот тек на истрагата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета огромна количина на марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере  дека законите во оваа држава важат еднакво за сите, дека денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали.

Денес, институциите се посветени на силна, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ