Македонија
1. April 2021 - 13:50

СДСМ: Извештајот на Стејт Департментот ги нотира напорите на Владата во борбата против корупцијата и криминалот

Крајно несоодветно е кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ зборува за правда, за слободи на медиуми и меѓународен кредибилитет на државата, кога токму оваа партија по однос на овие прашања со години ја држеше земјата на дното на сите извештаи на меѓународни институции и организации.

Извештајот на Стејт Департментот како и оној на ГРЕКО, ја нотира подготвеноста и напорите на Владата предводена од СДСМ за градење на независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата.

Во извештајот на Стејт Депарментот е наведено дека Владата на Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години.

Стејт Департментот во својот извештај нагласува дека извештајот на Европската комисија забележал позитивни случувања, вклучително и усвојување на нов Закон за Јавно обвинителство и подобрување на земјата во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Понатаму, во извештајот е наведено и дека Европската комисија заклучила дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво.

Ниту една извртен факт пласиран од белиот дворец нема да го засени успешниот Извештај од Стејт Департментот, нема да го засени успехот што Македонија го прави на полето на независноста на судството и борбата против секаков вид криминал и корупција.

Центар за комуникации на СДСМ