СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот, СДСМ обезбедува европска иднина
- Наместо да им се извини на граѓаните за пустошот што после 11 години криминално владеење го остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски манифестира цврста решеност по секоја цена да го брани криминилот, неводејќи сметка за интересите на државата и граѓание.
Мицкоски го злоупотребува дури и сопственото членство, ставајќи го насила во функција на одбрана на криминал.
Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има.
Расчистувањето со криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерес, секој ќе одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка.
Јасно е, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал, СДСМ заедно со граѓаните обезбедува иднина.
Договорот за спорот со Грција е патриотски чин што го гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина со членство во НАТО и членство во ЕУ. Тоа се историски успеси на Македонија коишто само Мицкоски не може да ги прифати. Поважна му е судбината на Никола Груевски отколку иднинта на Македонија.
Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет. Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш!
Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи огормен раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Истовремено, чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.
Македонија оди напред и нема враќање назад во мрачното минато на изолација, неказнивост, поделби и неизвесност.
Мицкоски и деструктивните сили на чело со Иванов нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните избираат европска иднина, обезбеден и зајакнат македонски идентитет.
НЕ за одбрана на криминалот, ДА за македонската иднина.
Центар за комуникации, СДСМ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка