Македонија
21. February 2017 - 19:26

СДСМ на средба со Aлијансата на албанците

Работните групи на СДСМ и Алијансата на Албанците имаа заеднички состанок во Хотелот Александар Палас во Скопје. На средбата биле разгледани материјалите за нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик, но и основните принципи на кои би требало да се базира работењето на идната влада.

Од Алијансата на Албанците се оптимисти дека за брзо време ќе се формира парламентарното мнозинство, СДСМ пак смета дека е потребно дополнително време за усогласување на ставовите.

Ова е прва официјална средба меѓу социјалдемократите и партијата предводена од Зијадин Села, од која СДСМ очекува потписи за добивање на мандатот за нова влада.