СДСМ: Новата Влада работи домаќински
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што Владата предводена од СДСМ работи домаќински, одговорно и што првпат после 2008 година го намали јавниот долг што го оставија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, наведува СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледен е, додава СДСМ, и стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на локалните избори, кога граѓаните ќе стават крај на коруптивното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.
Според СДСМ, „не постои порасипничко трошење на парите на граѓаните од она, се истакнува во реакцијата, што ВМРО-ДПМНЕ го правеа 11 години кога буџетските пари се трошеле на скапи ручеци и вечери, претплатени споменици, врби, палми и панорамски тркала, додека државата тонеше во долгови, а околу 180.000 граѓани егзистираа со по 40 денари дневно“.
Ново на Сител
-
Ковачевски - О’Брајан: Северна Македонија е пред клучен момент да ги осигура европските перспективи
-
По 10.000 за пензионерите во Србија
-
Пронајдени дрога и пари при претрес во Скопје
-
Османи ги пречекува учесниците на 30. Министерски совет на ОБСЕ
-
Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Авионот на Лавров дошол преку Турција и Грција, Бугарија не дозволила прелет
-
Четврти ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска