СДСМ: Обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, раст на платите, социјална праведност
Со предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, економски раст, повисоки плати и подобра живејачка за сите граѓани.
Платите ќе растат во сите сектори.
Во образованието, здравството, судството, полицијата, детските градинки и јавната администрација, предвидено е зголемување на платите од пет отсто, додека докторите специјалисти ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто.
Во 2019 година се очекува забрзување на растот на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, кадешто позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, извозот и капиталните инвестиции.
Невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.
Со посветена и домаќинска работа, владата предводена од СДСМ продолжува да обезбедува повеќе пари и подобар живот за граѓаните.
Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари