Македонија
18. November 2018 - 9:51

СДСМ: Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство

Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство

Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.

Со реформираниот систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година се обезбедуваат дополнителни 2,2 милијарди денари.

Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.

За повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, а се воведува и минимален гарантиран приход.

Овој надоместок освен примателите на гарантираниот минимален приход ќе можат да го користат и домаќинствата со минимална плата

Се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојаните домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства.

Со темелната реформа на социјалниот систем и детската заштита што ја изготви Министерството за труд и социјална политика, за 300 проценти ја зголемуваме социјалната помош, но има ефикасни и долгорочни решенија за  извлекување од сиромаштијата.