Македонија
28. October 2021 - 16:47

СДСМ објави наводна лична карта и за сопругот на Арсовска, опозицијата обвинува за црна кампања и лажни вести

Не само Данела Арсовска туку целото нејзино семејство има бугарско државјанство. на два дена пред крајот на кампањата СДСМ денеска со нови обвинувања кон противкандидатката на Шилегов.

Од владејачката партија прашуваат зошто Арсовска го крие своето потекло и за што се друго ги лаже скопјани.

Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година. Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство, вели Славјанка Петровска од СДСМ.

Арсовска пак вели дека наместо извинување за лажните обвинувања, добива нови напади и закани, но битката продолжува да ја води преку проекти, а не преку црна кампања.

За нејзиниот противкандидатот пак не е важно дали Данела поседува бугарско држајанство или не, туку дека ги лаже скопјани.

Според ВМРО-ДПМНЕ пак токму вакавата црна кампања е уште еден доказ дека СДСМ е во паника од сигурен пораз. Потенцираат дека СДСМ граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија.   

Три дена по ред владејачката партија објавува бугарски документи и лични карти со име Даниела Арсовска за кои тврди дека се на независната кандидатка за Град Скопје поддржана од опозицијата. Арсовска пак од самиот почеток ги негира ваквите тврдења.