СДСМ: Партизираната Комисија за заштита од дискриминација ја злоупотреби позицијата и се стави во одбрана на криминалот на Груевски
Партизираната Комисија под контрола на антизападното ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби позицијата и се стави во одбрана на криминалот на Груевски, исто како и Мицкоски
Партизираната Комисија за заштита од дискриминација, под контрола на антизападното ВМРО-ДПМНЕ, ја злоупотреби позицијата и целосно се стави во одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Идентично како и линијата на делување на антизападниот пион Христијан Мицкоски, наместо да одлучува и постапува во интерес на граѓаните, оваа партизирана Комисија настапи како партиска испостава на антизападното ВМРО-ДПМНЕ.
Лица блиски до антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот ментор, Никола Груевски, меѓу кои и поранешниот пратеник од оваа партија, Александар Спасеновски, но и Александар Даштевски и Тони Науноски се посветија во одбрана на осудениот Никола Груевски.
Јавноста знае дека сите членови на оваа Комисија беа избрани во јануари 2016 година, без присуство на тогашната опозиција.
На Христијан Мицкоски пионот на Груевски и на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да им стане јасно дека не можат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Груевски.
Македонија е правна држава и одговорност за секој што постапил незаконски ќе има.
Ова е уште потврда дека е неопходна итна реформа на Комисијата за заштита од дискриминација, која треба да прерасне во независно, стручно тело, со зголемени надлежности, составено исклучиво од лица кои се посветени на заштитата на човековите права.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор