СДСМ: После толку лаги Мицкоски треба да им се извини на граѓаните
Христијан Мицкоски со години го лаже своето членство, ги лаже граѓаните.
Пред само два месеци Мицкоски повторно најавуваше дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори.
Еве пројде јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распиштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми.
Мицкоски ги лажеше и ги плашеше граѓаните и за енергетската криза дека нема да има доволно струја и енергенси, дека електричната енергија значително ќе поскапи, дека ќе има рестрикции.
Сето тоа е демантирано од реалноста, исто како што му потонаа лагите за асмилација и бугаризација, за македонскиот јазик како бугарски дијалект и ред други невистини изнесени од Мицкоски.
Со лаги Мицкоски се бори да дојде на власт и да ја спаси својата фотелја во Белата палата, но повеќе никој не му верува.
После толку многу лаги единствено што може Мицкоски да направи е да им се извини на граѓаните.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес - Градско
-
СЗО: Очекуваниот животен век се зголемува за десет години за оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години
-
Тешка сообраќајќа помеѓу автобус и автомобил - тешко повредено едно лице
-
Нова мисија на кинеската вселенска станица, меѓу астронаутите за првпат и цивил
-
Маж загина во тешка сообраќајка на патот Штип - Кочани
-
Уапсен охриѓанец кај кого биле пронајдени куршуми и пиштол
-
Командир во полицијата во Виница заработи кривична пријава – не дозволил да се казни автобус
-
Стоилковски: Кој ќе ги избира надзорниците за 36.500 евра плата или СДС и ДУИ веќе го имаат поделено колачот?