СДСМ: Субвенциите се исплатени, пропагандата веќе не проаѓа кај земјоделците
Преку своите партиски контролирани кадри, ВМРО-ДПМНЕ направи очајнички обиди да ја блокира исплатата на субвенциите за тутунот, а денеска, без никаков срам предлага мерки кои се веќе реализирани. Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ кога субвенциите се делеа селективно и со доцнење, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Цветин Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
- ВМРО-ДПМНЕ со години ги користеше субвенциите за да врши притисок, уцени и манипулации врз земјоделците. Додека земјоделците ги чекаа субвенциите што редовно им доцнеа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, скапи мерцедеси, лажен барок и преплатени споменици. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за потребите на земјоделците, докажува и фактот што кадрите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во институциите, до последен ден ја кочеа исплатата на субвенциите, мстои во соопштението од СДСМ.
Воедно, се наведува, дека и покрај бројните опструкции, Владата предводена од СДСМ ги отстранила сите пречки и навремено ги исплатила субвенциите за 21.000 тутунопроизводители, а во тек е процедура за надминување на пречките за исплата на субвенции за уште стотина тутунопроизводители кои наскоро ќе ги земат субвенциите што им следуваат.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата