Македонија
15. August 2021 - 11:30

СДСМ: Тоа е Мицкоски, навреди и пцовки, не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук

Екстремно ниското ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите, го одразува ниското ниво на кое веќе неколку години функционира Христијан Мицкоски.

Ако некому досега не му беше јасен човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски, деновиве може да му се разјасни преку неговиот Фејсбук профил.

На Мицкоски очигледно не му е доволно тоа што е потрчко и послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите на државата, поткопувањето на здравстениот систем, пироманските деструкции.

Не му е доволно ниту што релевантни европски истражувања го посочија како извор на лажни вести.

Политичкиот пироман Мицкоски продолжи жестоко и упорно да  тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет.

Прашање е само од која плажа недолично пишува, навредува и псуе Мицкоски.

Толкму може Мицкоски, толкав му е капацитетот, тоа му е нивото.

Некој што не може да го издржи критиката, не е кадарен за каква било политичка функција, а камоли за позиција која подразбира носење одговорни одлуки.

Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен да води ниту профил на Фејсбук.

Центар за комуникации на СДСМ