СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби, измените на Изборниот законик се блокирани од нивниот сојузник Левица
Главното политичко барање на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Изборниот законик беше воведување на фингер принтови при чинот на гласање и тоа сега се спроведува.
Таа измена на Изборниот законик ја направивме уште во април оваа година.
Факт е дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ досега нема ниту едни лошо организирани избори, а тоа е најголема гаранција дека такви ќе бидат и локалните и сите наредни.
Изборите организирани во време кога СДСМ е на власт, добиваат највисоки оценки од сите меѓународни фактори и тоа не може никој да го демантира.
Препораките на ОБСЕ и ОДИХР се блокирани во Собранието. Праксата која ја воспостави прва ВМРО-ДПМНЕ со илјадници небулозни амандмани да се блокира работата на законодавниот дом, сега ја презема и Левица и тие ги блокираа и овие измени.
СДСМ јасно останува на ставот дека е за отворени листи, дека е за препораките на ОБСЕ и ОДИХР, дека е за еднаква родова застапеност и се она што значи модернизација на изборниот процес.
СДСМ инсистира дијалогот за изборната реформа да продолжи и покрај блокадите во Собранието.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ преку вакви прес-конференции бара алиби за поразот што ги очекува на локалните избори затоа што и самите знаат дека немаат никаква поддршка од страна на граѓаните кои одамна го прочитаа нивниот несериозен и неодговорен однос.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците