Македонија
4. December 2019 - 16:35

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да брани криминалци

ВМРО-ДПМНЕ да престане да брани криминалци. Јавноста знае дека зад срамната аболиција на Ѓорге Иванов стоеја и денеска се уште стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен.

Сите слободоумни граѓани, целата јавност, освен ВМРО-ДПМНЕ се спротивставија на незаконската аболиција на Иванов.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да предлагаат несериозни барања, да го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување поднесено од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да престанат да манипулираат. Нивниот предлог за испитување на имот на функционери е лицемерен и задоцнет. Таква проверка веќе се случува.

Предлогот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ некој кој 11 години бил вмешан во криминал да не одговара, а да биде „казнет“ со тоа што нема да се занимава со политика е срамно и неодговорно.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да престанат да ја бранат незаконската аболиција на Ѓорге Иванов и да дадат поддршка на автентичното толкување.