СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од правдата, докажуваме дека борбата против криминалот не познава партиски бои
Штитење на криминалци и сокривање на криминалот е одлика единственo на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал.
СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.
Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста.
Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо