Македонија
6. April 2019 - 14:04

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, пензиите растат и ќе продолжат да растат

ВМРО-ДПМНЕ остави дупка во буџетот на ПИОМ а денес манипулира, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Во отсуство на конкретни идеји и проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат да манипулираат со граѓаните.

Откако со нивните криминални и расипнички политики оставија долг од 15 милијарди денари во пензискиот фонд, денес ВМРО-ДПМНЕ манипулира и лажно обвинува.

Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите кое им следуваше со Закон. Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговара за дефицитот на ПИОМ, кој од 2 милијарди во 2006 достигна 19 милијарди во 2017 година. Овој дефицит го плаќаат граѓаните.

За разлика од таквиот однос, новата пензиска реформа обезбедува редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации. Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 15 милијарди денари.

Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100 отсто со порастот на трошоците на живот, наместо само 50 отсто како што беше претходно. Со новото законско решение се воведува и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 отсто.

Политиките на Владата предводена од СДСМ во последните две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се официјалните податоцикоишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954, а во 2018 година 14.421 денари.