Македонија
4. July 2018 - 15:09

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет за поинаков друг начин на дејствување освен да шири лажни вести

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочат македонската иднина, граѓаните ќе кажат ДА за загарантиран македонски идентитет, ДА за членство во ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет за поинаков друг начин на дејствување освен да шири лажни вести, невистини и измислици.

Постигнатиот конечен Договор со Грција е финализирање на Времената спогодба потпишана во 1995 година. 

Договорот затвора 25 годишен спор кој земјава ја влечеше надолу, го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и го отвора патот кон полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Тоа е остварување на врвните стратешки интереси.

Договорот е поздравен од целиот демократски свет и граѓаните, освен од ВМРО-ДПМНЕ која не може да го прифати успехот на Македонија. 

ВМРО-ДПМНЕ треба јасно да каже дали е за членство во ЕУ и НАТО или се уште сонува за враќање на државата во времето на изолација, нестабилност, поделби и нарушен меѓународен углед.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку манипулации и измислици да ја загрози македонската иднина. Граѓаните слободно на референдум ќе ја искористат историската шанса и ќе го поддржат Договорот што еднаш засекогаш го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува иднината. 

Граѓаните ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина!