СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и конфузно, половина пратеници не се на седница
ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и конфузно, половина пратеници не се на седница, не се знае кој им е координатор
Иако ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието имаат деловничка можност да ги соочат своите аргументи со претставници на Владата и да поставуваат прашања за теми коишто се во интерес на граѓаните, половина од пратениците на опозициската партија не се присутни во собраниската сала со што уште еднаш покажуваат колку навистина не им се важни потребите на граѓаните.
Дополнително, иако ВМРО-ДПМНЕ јавно соопшти дека координатор на нивната пратеничка група е Драган Данев, на почетокот на седницата пратеникот Илија Димовски инсистираше да зборува во својство на координатор со што повторно се отвора прашањето колку пратенички групи има ВМРО-ДПМНЕ?
Дали со поделбите на пратениците во различни пратенички групи ВМРО-ДПМНЕ има за цел повторно да се обидува да го блокира функционирањето на Собранието и да ги кочи реформите?
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорно однесување преку коешто нанесува штета врз интересите на граѓаните, врз демократските процеси и нормалното функционирање на Собранието на Република Македонија.
Во интерес на граѓаните и на државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже капацитет да ги надмине поразените полиитки на блокади и деструкции и активно да се вклучи во спроведување на реформите коиште со од исклучително значење за Република Македонија и нејзините граѓани.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите