Македонија
11. December 2019 - 9:20

СДСМ: Воспоставуваме систем за социјална заштита за намалување на сиромаштијата

Преку одговорни мерки и политики СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за трајно извлекување од сиромаштија.

Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство. Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања.

Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019 детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно. 

До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно. 

Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд. 

Грижата за граѓаните кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите. На прав пат сме!