СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз судството
ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше судството, а преку „Сваровски“ инсталациите од тефтерот на Гордана Јанкулоска, го злоупотребуваше правосудниот систем да врши прогон и да се пресметува со неистомислениците на Никола Груевски и неговите соработници, наведува СДСМ во пишаната реакција на денешната изјава на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Денес кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ во страв и очај продолжува преку секојдневни прес-конференции пред правосудните институции да врши притисок и да се заканува на судии и обвинители. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисок врз судиите и нарачауваше судски предмети и пресуди. Реформите во судството кои ќе се спроведуваат согласно најдобрите европски пракси, носат професионално и независно судство и го враќаат угледот на судството што ВМРО-ДПМНЕ го наруши. Македонија ќе биде правна држава, а секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност, стои во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри