Македонија
4. April 2017 - 20:59

Се ближи најголемиот христијански празни Велигден: Што симболизира велигденското јајце?

Велигден е најголемиот христијански празник кој верниците гo прославуваат враќањето на Исус Христос од мртвите и победата над смртта, поздравувајќи се со зборовите „Христос Воскресе – Вистина Воскресе!
 
Јајцето е најголемиот симбол на празникот, домаќинките на велики четврток вапцаат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почеток на нов живот. Традиционално јајцата се фарбаат во црвена боја. 
 
Црвеното јајце го симболизира Христовото воскресение , тврдата лушпа на јајцето го го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата го симболизира воскреснувањето од мртвите.