Се интензивира кампањата за Локалните избори

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи. Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници.
Независните кандидати ја реаизираат кампањата, генерално, со прес-конференции, средби со граѓаните и особено на социјалните мрежи.
Денеска на 11 Октомври - Денот на востанието, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Демир Хисар. Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во централниот Штаб во центарот на градот.
СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Желино, Теарце, Тетово и во Јегуновце.
Претставниците на ПП Левица ќе одржат средби со граѓаните на Прилеп, Куманово, Старо Нагоричане и Кривогаштани.
Во Скопје прес-конференција најави и Зелен хуман град.
Во Гостивар прес-конференција ќе одржи кандидатот за градоначалник Висар Адеми.
На митинзите и средбите со граѓаните, на медиумските претставувања и на социјалните мрежи, кандидатите за градоначалници и за советици зборуваат за своите програми и проекти, но кампањата ја предводат лидерите на партиите и коалициите.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
