Се одбележува Светскиот ден на безбедна храна, над 600 милиони во светот се разболуваат од небезбедна храна
Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Органзиацијата на Обединетите нации. Целта е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната и да се информира јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа.
Кон оваа глобална иницијатива денеска се приклучува и Агенцијата за храна и ветеринарство од каде информираат дека и во услови на пандемијата со КОВОД -19, во земјава се реализираат сите активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.
– Засилени се и инспекциските контроли како еден од приоритетите за грижа за здравјето на граѓаните и во услови на прогласена пандемија, кога граѓаните и операторите со храна функционираат во нови, досега непознати услови за живеење, но и за производство и трговија со храна, велат од АХВ.
Досега се спроведени над 14.700 инспекциски контроли, а како најчести недоследности се оние кои се однесуваат на неодржувањето на хигиената во објектите, неводењето на записи согласно HACCP плановите за контрола на критичните контролни точки и неспроведувањето на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
– Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство е фактот дека веќе 18 месеци не се евидентирани случаи на труења со храна, посочува АХВ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација