-->
-->
Се откажува лидерската средба во Виена: Главна причина, Заев бара прекршување на уставот и одложување на изборите
-->
Лидерската средба која требаше да се одржи во австрискиот главен град Виена се откажува, објави Република.
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, утре требаше да биде домаќин на четворицата македонски политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на нова рунда разговори за решавање на политичката криза во Република Македонија.
Сепак како што дознава Република главна причина за откажување на лидерската средба е барањето на Зоран Заев за прекршување на уставот и одложување на изборите.
Утрово беше најавено дека „куќата на ЕУ“ во Виена веќе се подготвува салата за состанокот за решавање на македонската политичка криза и неофицијално, европските посредници ги очекуваат сите повикани да присуствуваат на лидерската средба која би се одржала и со отсуство на некој од нив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии