Се помалку млади сакаат да се занимаваат со новинарство
Новинарството не е повеќе атрактивна професија. Се помалку студенти сакаат да студираат новинарство. Финансиската страна и немањето доверба во медиумите се едни од причините за ваквата состојба, истакнаа панелистите на денешната тркалезна маса за предизвиците на младите новинари во ерата на дезинформации.
Годинава, како што беше посочено, на Скопскиот универзитет се запишани само 12 студенти на новинарство, на Штипскиот еден студент, а заедно со Тетовскиот универзитет има вкупно околу 20 студенти по новинарство.
– За жал, ова говори дека новинарството не е повеќе атрактивна професија. Ова е индикатор кој треба да не загрижува, истакна Драган Секуловски од Здружението на новинари.
Според Катерина Синадиноска, еден од основачите и претседател на Советот за етика во медиумите, немањето финансиска сатисфакција и недовербата во медиумите се едни од причините зошто се помалку млади се занимаваат со оваа професија.
– Се затвораат медиуми, нема редакции, брутално се кршат стандардите, претворени сме во следачи на соопштенија, нема втора страна во веста и не се разликува вест од коментар, посочи Синадиновска, додавајќи дека треба да се насочиме кон изнаоѓање на решение.
Дел од забелешките се дека се потребни системски мерки, инвестирање во професионалното новинарство и целосна реформа на образовниот систем. Потребна е и медиумска писменост и нејзино воведување во образованието.
Денешната дебата ја организираше Младинскиот образовен форум и Радио МОФ.
Ново на Сител
-
Се гради локален пат во кривопаланечка Конопница
-
ОЈО Гостивар проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче е поврзано со секта
-
До крајот на јануари шпанскиот Парламент ќе го ратификува Протоколот за НАТО
-
Владата го усвои дополнетиот буџет за 2020 година, прифатени 12 амандмани
-
Магла кај Крушево, слаб снег на Попова Шапка
-
Административците во сабота на чистење, еве на кои локации
-
Срцев пејсмејкер по венски пат првпат во државава поставен кај петгодишно дете во „Аџибадем Систина“
-
Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?