Македонија
5. April 2017 - 10:28

Се поправаат спортските и игралиштата за деца во Аеродром

Општина Аеродром деновиве почна со поправка на спортските и детските игралишта на целата територија на општината, вклучувајќи ги и игралиштата во основните училишта.

- Реконструкцијата на спортските игралишта опфаќа поправка и бојосување на кошевите и головите, како и поправка на оградите доколку се оштетени. Исто така, оваа акција опфаќа и поправка на реквизитите на сите детски игралишта на територијата на општината, соопшти Општина Аеродром.