Технологија
23. January 2017 - 14:19

Се продава „како алва“: Новата Nokia распродадена во една минута!

Новиот смарт телефон на Nokiа кој беше пуштен во продажба во Кина по цена од 245 долари, е распродаден за помалу од две минути.
 
Ексклузивниот продавач очекуваше ваква заинтересираност. Тие кажуваат дека добиле повеќе од милион резервации за првиот ден од продажбата. Сепак, точниот број на продадени примероци не е откриен.
 
Продавницата има добиено наредба да не испорачува ниеден уред надвор од земјата.
Се претпоставува дека ова е првиот од петте модели со логото на Nokia кој можеме да го очекуваме во текот на годината.
 
Nokia 6 која во моментов се продава само во Кина има Qualcomm Snapdragon 430 процесор, 4GB RAM и 64GB интернет меморија која може да се дополни со microSD мемориски картици, додека дијагоналата на екранот е 5,5 инчи во Full HD резолуција, а тука се и двете камери од кој задната со 16MP и предна камера од 8MP.
 
Капацитетот на батеријата е 3,000mAh, оперативниот систем на кој што овој паметен телефон работи е Android и тоа последната верзија 7.0 Nougat.