Бизнис
31. January 2019 - 16:02

Се разгледува можност за надградба на браната на истекот на Црн Дрим

 Општина Струга и Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) со конзорциум на холандски компании ги истражуваат можностите за рехабилитација и надградба на влезната брана и истекот на рекатa Црн Дрим.

За таа цел, во салата на Советот на Општина Струга се одржа јавната консултација со чинителите за да се увидат различните ставови и опции.

Холандскиот конзорциум, како што информира општина Струга, ќе ги искористи резултатите од оваа консултација како појдовна точка за развој на барање до холандската влада за финансирање физибилити студија за натамошно елаборирање на проектот.

На настанот присуствуваа преставници на амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, претставици на општините Струга, Охрид и Дебрца, Агенцијата за енергетика, ЕЛЕМ, Водостопанство на Републик Македонија, хидробиолошкиот завод, музејот, локални невладини организации…

Со помош на браната се регулира нивото на водата во Охридското Езеро и му овозможува на ЕЛЕМ да го регулира протокот на вода на хидроцентралата во Глобочица.